До 19 часот сеуште е активен пожарот кој избувнал помеѓу селата Богомила и Гостиражни во Општина Чашка, кај големиот тунел. Опожарена е ретка дабова шува трње и трева.
Кракот кој што е во правец на село Богомила е изгаснат од страна на месното население, а другиот крак према стариот пат за Прилеп – Гостиражни го гаснат ШС Бабуна, информира Центарот за управување со кризи.
Содржината продолжива под рекламата
На пожарот дејствуваат пет вработени од ШС Бабуна со едно теренско возило и шумарот кој што е на лице место.
Можеби ќе ве интересира: