Реклама

(ВИДЕО) Коцевски: Вирусот се појави меѓу вработени од голем продажен објект за прехрана во Велес

Вработени во текстилна фабрика која во моментов не работи и во голем продажен објект за прехрамбени производи се заразени со коронавирус, објави градоначалникот Аце Коцевски, кој е прв човек на Кризниот штаб во Велес.

Zito akcija 640x289px

Од Кризниот штаб велат дека во функција е ставен и вториот кат на инфективното одделени во болницата, но доколку има потреба, се подготвува и одделот за физикална терапија да прими пациенти со коронавирус доколку тоа е потребно. За секој случај, на располагање се и капацитетите на болницата за белодробни заболувања во Јасеново.

Agria

Градоначалникот Коцевски најави дека на следната седница на Советот на општина Велес ќе предложи ослободување од општиските давачки на правните лица.

Како шеф на Кризниот штаб, Коцевски апелираше до граѓаните да не ги злупотребуваат дозволите за движење во престојниот празничен викенд за одење по викендички.

На состанокот, Кризниот штаб ги донесе следниве заклучоци:

  • По препорака на Главниот кризен штаб, општинските кризни штаботви се задолжуваат заедно со МВР и припадниците  на АРМ да изработат Оперативен план  за обезбедување редарски служби пред маркетите, објектите на филијалите и поштите на 21 април 2020 година, како прв работен ден после воведената забрана и посебен режим на движење во периодот од 17 до 21 април 2020 година, со цел доследно спроведување на мерките и препораките на Владата на РСМ за заштита и превенција од ширење на коронавирусот (Covid-19);
  • Согласно ова припадниците на Армијата ги ставаат на располагање своите сили после дзавршувањето на полицискиот час да помогнат при одржувањето на јавниот ред и почитување на мерката за држење определено растојание на граѓаните пред влезовите на банките, Градскиот пазар, зградата на поштата и пред влезовите на маркетите во градот;
  • Да се одржи состанок со претставници на банките, економските оператори – маркети, Македонски Пошти, на Армијата и МВР – СВР Велес со цел  да се увуди состојбата со големите марекети  и други институции дали можат сами преку своите слуцби за обезбедување да го зачувуваат редот, а потоа да се вклучат МВР и АРМ;
  • Општина Велес во соработка со ЈКП Дервен и Територијалната противпожарна единица – Велес да продолжат со веќе активните мерки за заштита и превенција од ширење на коронавирусот, односно да се продолжи со активностите за вршење дезинфекција на улиците и јавните површини во градот и населените места кои гравитираат кон градот.