Американските воени летечки тврдини, бомбардерите Б-52 денеска го прелетаа македонското небо. Граѓаните во Скопје имаа можност да видат низок прелет од два авиона кои се дел од Воздухопловните сили на САД во Европа и во Африка.
Прелетот, како што соопштија од Генералштабот на македонската армија, е демонстрација на сојузништвото на НАТО и гарант за целата Евроатлантска заедница, во која влегува и македонската држава.
За да се покаже посветеност и безбедносна гаранција кон балканските сојузници и партнерите во НАТО, денеска освен над Македонија, авионите ќе летаат и над Хрватска, Црна Гора и Албанија.
Можеби ќе ве интересира: