Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ известуваат дека во деновите понеделник 05.09.2022, вторник 06.09.2022 и среда 07.09.2022 година, Пелагонија АД Гостивар како изведувач на работите ќе воспостави времен режим на комплетно затворен сообраќај во периодот од 10:00 до 16:00 часот на патен правец Маврови Анови – Жировница (Р1202) поради испитување на мостовските конструкции на патот „Рехабилитација на регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница“ согласно Одобрението за времена измена на режимот на сообраќај.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.
Moжеби ќе ве интересира: