Новак Ѓоковиќ беше во центарот на вниманието откако не доби шанса за настап на првиот гренд-слем турнир во годината поради одлуката да не се вакцинира, но српскиот тенисер ќе се појави на следниот Австралија Опен откако австралиските власти му ја укинаа тригодишната суспензија.
Австралиските власти одлучиле да ја поништат одлуката која стапила во сила веднаш штом Србинот беше депортиран од Австралија претходниот јануари, пренесуваат тамошните медиуми. Одлуката доаѓа и по промената на Владата во Австралија каде Скот Морисон беше заменет со Ентони Албанес.
Новак Ѓоковиќ досега девет пати го освојуваше турнирот во Мелбурн, а во претстојното натпреварување би можел да го достигне рекордот на Рафаел Надал од 22 гренд-слем во кариерата.
Можеби ќе ве интересира: