Голем интерес за возилата на Грин машинс на велешката компанија БРАКО на саемот во Ист Гејт

Граѓани и фирми искажаа интерес за изложените возила Грин Машинс на БРАКО, на саемот на електрични возила во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје.

Zito akcija 640x289px

Посетителите се интересираа како функционира едно електрично возило, дали загадува, колку чини, за каква намена се возилата и кои задачи може да ги извршуваат. Посебен интерес покажуваа млади лица и инженери, поради фактот што станува збор за целосно домашен високоразвиен производ кој е предизвик за секој инженер. Дел од граѓаните го споделија и своето изненадување што фирма од Северна Македонија произведува електрични возила и ги продава на светскиот пазар.

Agria

На саемот „Денови на електромобили“ БРАКО се претстави со две возила Грин Машинс, GM400ze и GM500ze.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: