Денешниот празник православните христијани го одбележуваат во слава на сите ангелски чинови. Наречен е Собор на Свети Архангел Михаил, затоа што Архангел Михаил бил водач на целата ангелска војска и водач на сите небесни сили.
На овој празник именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Рајна, Ратка…, а голем број велешани го празнуваат и за куќна слава, а го празнуваат со домашни служби, а и општо е верувањето дека тој спаѓа меѓу поголемите празници.
Содржината продолжува под рекламата
Во народното верување Архангел Михаил е претставен како со меч им ги зема душите на луѓето, поради што во некои места е наречен „Арангел душевадник.“ Заедно со Архангел Михаил најпознат меѓу ангелите е Архангел Гаврил.
Можеби ќе ве интересира: