Саудиска Арабија вчера го шокираше светот откако во 1. коло од групата Ц ја совлада Аргентина со 2:1. Аргентинците водеа со 1:0 на полувремето со голот на Лео Меси од пенал, но Саудијците преку Ал Шехри и Ал Даусари го свртеа натпреварот на почетокот на вториот дел и херојски ја задржаа предноста до крајот на натпреварот.
Саудијците сега имаат голема шанса да изборат пласман во осминафиналето. Натпреварите против Полска (26.11) и Мексико (30.11) ќе мора да ги одиграат без Јасер Ал Шахрани. Одличниот лев бек, кој храбро се справи со Аргентинците, тешко се повреди во финишот на натпреварот.
Голманот Ал Овејс при една интервенција со коленото го удри во главата Ал Шахрани.
Саудискиот дефанзивец лежеше неподвижен на тревникот, но судијата Славко Винчиќ ја продолжи играта пред играчите на Саудиска Арабија да му дадат знак да го прекине натпреварот.
Ал Шахрани откако му беше укажана медицинска помош на теренот, на носилки беше изнесен од теренот. Тој со палецот нагоре сигнализираше дека е добро, но саудиските медиуми објавија дека овој турнир за него е завршен.
По средбата, на Ал Шахрани му била дијагностицирана фрактура на вилицата и коската на лицето, а наводно имал внатрешно крвавење.
Саудиското кралско семејство веднаш му организираше приватен авион за да го пренесе во Германија, каде што ќе биде опериран.
رسالة من ياسر الشهراني الى الجمهور السعودي💚 pic.twitter.com/YOENTXzPED
— المنتخب السعودي (@SaudiNT) November 22, 2022
Можеби ќе ве интересира: