Адил Адиловиќ: Се освен победа против Железарец ќе биде наш неуспех

Adil Adilovik Kegi Mobi

Пред момците на тренерот Панче Нанев е нов сериозен тест во Првата македонска футсал лига. Во Скопје екипата на Кеги Моби гоостува кај должникот од првиот дел од сезоната составот на Железарец. Капитенот на екипата Адил Адиловиќ смета дека Кеги Моби е во добра форма и дека сè освен три бода за нив ќе биде разочарување.

Zito akcija 640x289px

„Во Автокоманда одиме по тоа што во Велес ни беше земено што неискусно, а што и несреќно од наша страна. Играме против најтрофејниот македонски клуб, и сакаме победа како и на секој натпревар на гостувањето во Скопје. Добра искусна екипа измешана со млади играчи, но народски кажано скопска екипа, таму нема слаба екипа, сите се активни во текот на неделата и сите се горе доле спремни играчи и играчи кои знаат што со топката во секој момент. Нашиот тим е комплетен за овој натпревар и ќе гледаме да го дадеме максимумот, да ја подобриме бодовната состојба на табелата и да се вратиме во ритам и во делба на третата позиција. Тренерот кај нас со спремен тим и состав патува да изигра добар футсал да се надигрува со сите како што сака годинава и да победува кога играчите ќе бидат послушни дисциплинирани во текот на цели четириесет минути и се посветени максимално на утакмицата. Кога нашиот тим е целосен, комплетен и пристапот на натпреварот им е 100% не постои екипа која би се спротиставила лесно или би очекувала лесни бодови против нас. Се освен победа на вечерашниот дуел со Железарец за нас ќе биде неуспех“, изјави капитенот на Кеги Моби Адил Адиловиќ.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Натпреварот во Скопје ќе се одигра денес со почеток од 19 часот. А во рамките на 10 коло веќе се одиграа два натпревари. Шкупи го совлада Енхалон со 9:3, додека Крадаку го совлада составот на Црна Река со 3:2.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: