Нема фудбал до 2022 година?

Football 22.04.2020
Football 22.04.2020

Светската здравствена организација (СЗО) бара од УЕФА и челниците на наголемите европски фудбалски клубови да ги одложат сите клупски и репрезентативни настани до крајот на 2021 година, пренесуваат италијанските медиуми.

Zito akcija 640x289px

Според пишувањата на „Ла Република“, тоа би значело и крај за одржување на Европското првенство, кое беше одложене од ова, за наредното лето.

Agria

Радикалниот предлог на СЗО се базира на очекувањата, до крајот на годината, во есенскиот и зимскиот период, коронавирусот повторно да направи нови големи проблеми. Продолжение на фудбалските натпревари би се очекувале кога ќе се пронајде конечно решение за Ковид-19 во вид на вакцина или некој друг лек.

Сите овие препораки се спротивни од очекувањата на УЕФА и првиот човек Александер Чеферин. Тој се надева на крај дека сите фудбалски првенства ќе завршат летово, а новите ќе почнат со одложување. Планот е Европското првенство да се одигра во летото 2021 година, што беше една од најтешките одлуки во овој период на пандемија.

Доколку се случи ново одложување, финансиските проблеми за фудбалска Европа ќе бидат огромни. Исто така, фановите ќе бидат лишени од натпревари и голем фудбалски настан дури до 2022 година, кога е закажано Светското првенство во Катар.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: