Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во западните делови ќе има појава на локален дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Продолжува периодот на променливо облачно време со релативно високи утрински температури. Под влијание на влажен бран, за време на викендот ќе има повремени врнежи од дожд, кои во недела на места ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Од понеделник се очекува заладување што ќе услови провејување на снег и во некои пониски места.
Можеби ќе ве интересира: