Донован Мичел се изедначи на осмото место на вечната листа на НБА лигата по бројот на постигнати поени на еден натпревар откако изминатата вечер го предводеше Кливленд со 71 поен, 11 асистенции и 8 скока до победа од 145-134 против Чикаго.
Во лудата ноќ исполнета со шутерско расположени играчи 54 поени постигна Клеј Томпсон за победа од 143-141 на неговиот Голден Стејт против Атланта. Американецот додаде и 8 скока и 3 асистенции, додека на спротивната страна него го следеше Тре Јанг со 30 поени, 14 асистенции и 7 скока.
Српскиот интернационалец Богдан Богдановиќ мечот го заврши со 21 поен, 3 асистенции и 3 скока. Одлична вечер имаше и неговиот сонардоник во Денвер, Никола Јокиќ кој постигна 24 поени, 9 асистенции и 7 скока во поразот од 124-111 против Минесота, додека Лука Дончиќ повторно блесна на теренот со 39 поени, 12 скока и 8 асистнеции за победа на Далас во тексашкото дерби против Хјустон од 106-111.
Блескавата вечер ја одбележа и Џоел Ембид кој ја предводеше Филаделфија до победа од 120-111 против Њу Орлеанс со 42 поени, 11 скока и 5 асистенции.
Можеби ќе ве интересира: