Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,47 % во однос на одлуката од 20.1.2023 година.
Текстот продолжува под рекламата
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,228 ден/кг и сега ќе изнесува 41,042 ден/кг.
Текстот продолжува под рекламата
Така ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 83 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 84, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 83,5, додека ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе чини 85 денари за литар.
Можеби ќе ве интересира: