Состојбата во Велес и велешко како и Зелениково е стабилна и излевањето на реката Вардар е стопирано, информираа утрово од Центарот за управување со кризи.
Од таму велат дека опасноста сè уште постои, но денес опасност за поплавување куќи нема како што имаше сношти.
Од АД ЕСМ вчера соопштија дека е исклучена хидроелектраната „Св. Петка“, а во ХЕЦ „Козјак“ е оставен да работи само еден агрегат со цел да се намали нивото на реката Вардар.
„Утрово, ЦУК во координативна комуникација ги информира за тековната состојба според која се продолжува со контролирано производство на електрична енергија. Инаку, во општина Зелениково сè уште има излеана вода надвор од коритото на Вардар од 15 до 20 метри на земјоделско земјиште во близина на река. Бидејќи во текот на ноќта немаше врнежи од дожд и имаше намалено контролирано и оптимално производство на електрична енергија, имало помало испуштање на водата од браните „Козјак“ и „Матка“, па водата на Вардар во еден дел се има и повлечено и напливот на бран за поплавување е избегнат во Зелениково и во Велешко“, велат од ЦУК.
Оценуваат дека опасноста од поплави во земјава сè уште не е надмината и оти состојбата треба да се следи од дежурните институции во општините бидејќи Управата за хидрометеоролошки работи најавува врнежи од снег на повисоките места и од дожд и снег на пониските.
Се препорачува внимателно движење покрај коритата на реките и суводолиците.
Можеби ќе ве интересира: