БРАКО ја испорача првата пратка возила заво 2023 година

Деновиве е реализирана првата пратка во 2023 година, од 7 возила за одржување на хигиена од БРАКО, кои се испорачани во соседна Грција, во Унгарија и во Обединетото Кралство.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Стручните инженери и техничари од БРАКО, по завршување на колективниот одмор, активно пристапија кон реализација на порачките од странство и комплетираа 5 електрични компактни камиончиња GM 500ze, едно возило GM 636 со најново инсталираниот систем за издувни гасови и едно возило со рачно управување од линијата GM400.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Продолжува големиот интерес на возилата за одржување на хигиена во урбани услови на БРАКО, кои покажуваат одлични перформанси во работата, издржливост и може да се употребуваат во сите временски услови, а воедно придонесуваат за заштита на животната средина.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/35695/uapseni-dvajcza-ohrigani-kaj-bashino-selo-kaj-niv-bila-pronajdena-prashkasta-materija/