Локалната библиотека „Гоце Делчев“ со богата програма го одбележа 4 февруари -151 година од раѓањето на својот патрон, македонскиот револуционер и стратег Гоце Делчев. Во рамки на програмата беа доделени традиционалните пофалници за најчитатели на библиотеката за 2022 година.
Содржината продолжува под рекламата
За највозрасен читател пофалница доби Марија Питиќова, а за најчитател Ацо Давчевски. Во одделот за деца на најмлад читател пофалница доби Петар Димов, а Искра Ивановска за најчитател, додека од подрачната библиотека во Градско во одделот за возрасни за најчитател беше прогласена Љубица Велинова, а во одделот за деца Марија Будимова.
Содржината продолжува под рекламата
Доделени беа благодарници на сограѓани коишто донирале книги, а пред присутните гости, почитувачи на пишаниот збор, вљубеници во литературата, беше прикажан видеозаписот за животот и делото на Гоце Делчев.
Можеби ќе ве интересира: