Викендов започнува пролетната полусезона во Првата македонска футсал лига. Екипата на Кеги Моби ќе го пречека составот на Црна Река од Кавадарци.
Содржината продолжува под рекламата
Стартуваме во новава година со нови сили, знаеме веќе кој сме што сме и до каде ни се очекувањата и силите во овоа првенство, далеку посериозно од почетокот на првенството кога оваа Прва футсал лига за нас беше еден новитет каде мислевме дека ќе ни биде малку потешко да се снајдеме. Составот кај нас е со мало подмладување од страна на Христијан Ристовски Пикси и Анѓел Гаштев но ќе видиме времето ќе покаже дали и дечките ќе бидат како појачување за нас после укажаната шанса“, изјави Кирил Ивановски играч на КМФ Кеги Моби.
Содржината продолжува под рекламата
Во првиот дел од сезоната Кеги Моби го совлада кавадаречкиот клуб со високи 2:6. Иако составот на Црна Река се наоѓа во долниот дел од табелата, велешани сепак со респект кон гостинскиот тим.
„Нивниот тим имаме сознанија дека е појачан со двајца прилично искусни играчи не толку во футсалот колку во турнирскиот фудбал, кои ќе го подмладат нивниот состав после долги години знаејќи дека нивниот тим е долги години непроменет и играат играчи кои добро се познаваат и се од кавадаречкиот реон. Целосен респект за долгогодишниот прволигаш КМФ Црна Река од наша страна ќе бидат пречекани како што доликува за два тима кои се познаваат доволно добро, изјави Кирил Ивановски играч на КМФ Кеги Моби.
Натпреварот ќе се одигра во салта „Гемиџии“ во Велес со почеток од 19 часот. Снимка од натпреварот може да проследите на нашата фејсбук страна и официјалниот јутуб канал на Батали.нет од 21 и 30 часот.
Можеби ќе ве интересира: