Пекарите денеска се заканија дека штом владата ја донесе одлуката да се замрзнат цените на лебот на 33 денари, тие повеќе нема да го произведуваат. Откако ќе влезе одлуката во Службен Весник и официјално ќе стапи на сила, леб нема да има во продавниците.
Содржината продолжува под рекламата
„Ако Владата ја донесе мерката за ограничување на цената на лебот, од следниот ден нема да има леб на пазарот“, изјави денеска Горан Малишиќ, престедател на Групацијата за мелничко-пекарската индустрија по состанокот во Стопанската комора.
Содржината продолжува под рекламата
Пекарите појаснуваа дека во вкупна цена на леб најголем трошок кој опфаќа од 40-45 се трошоци за брашно, потоа околу 35 проценти се трошоци за работна рака, а останати за други трошоци како пакување, нафта, други енергенсиии… Посочуваат дека поради одливот на кадар има голем недостиг од кадар, поради што и платите во секторот нагло растат. Според нив, просечна плата кај пекарите е 600 евра, но има такви кои се платени и по илајда евра месечно.
Можеби ќе ве интересира: