И денеска пристигнаа закани за експлозивни направи на адресите на повеќе училишта во Скопје. Според полицијата, испразнети се 21 средно и 18 основни училишта во главниот град во државата.
Содржината продолжува под рекламата
Како што соопшти МВР, по добиените пријави, полицијата презема мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Содржината продолжува под рекламата
Вчера имаше дојави во 32 основни и средни училишта во Скопје и Прилеп, како и во Основниот суд во Охрид. По извршените проверки се покажа дека сите овие закани се лажни.
Министерството за образование веќе препорача во случај на нови пријави да се организира онлајн настава за учениците откако ќе се вратат во своите домови.
Можеби ќе ве интересира: