Реклама

Велешани ја решија футсал репрезентацијата на Шведска

Македонија ја победи Шведска со 3-1 во четвртиот натпревар од претквалификациите за пласман на СП 2024, со што го запоседна второто место во Групата 10 и сега е на чекор од обезбеди квалификации за мундијалски настап.

Zito akcija 640x289px

Избраниците на Скендеровски ги дадоа сите голови во второто полувреме. Стрелци за Македонија беа велешаните Ранготов кој беше двоен стрелец како и Леовски, а единствен стрелец за „трите круни“ беше Диаз.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Со оваа победа Македонија се најде на второто место со 4 бода, зад Италија која е лидер со 7 бода. Одлучувачки ќе биде последниот натпревар во групата меѓу Италија и Шведска, каде Македонија ќе навива за „аѕурите“ кои со победа ќе не остават на втората позиција.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36627/video-nemiri-vo-atina-transparetni-so-natpisi-drzhavata-e-ubiecz/