Лица блиски до семејството на Љубе Бошковски објавуваат на социјалните мрежи дека бил киднапиран внукот на политичарот. Како што стои во објавите, Самоил Костадиновски бил киднапиран во близина на Чешката амбасада.
Според објавите, пронајдено е неговото возило, но се уште нема трага и глас од лицето.
Семејството и блиските бараат помош од граѓаните.
Преку социјалните мрежи апел испрати и сопругата на лидерот на Обединети на Македонија, Виолета Бошковска.
Од МВР информираа дека исчезнувањето на Костадиновски е пријавено пред два дена.
„На 04.03.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26). Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот“, ни соопштија од полицијата.
Можеби ќе ве интересира: