Пропадна една од најголемите банки во технолошкиот сектор на САД

banka silikonska dolina

Банката „Силиконска долина“ пропадна, што резултираше со вториот најголем банкрот на финансиска институција во историјата на САД, јавуваат американските медиуми. 

Zito akcija 640x289px

Нејзините средства беа запленети од американската Федерална осигурителна корпорација, а банката пропадна откако нејзините клиенти, главно работници во ИТ секторот и компании со ризичен капитал, почнаа да ги повлекуваат своите пари. 

Agria

Од Федералната осигурителна корпорација соопштија дека во моментот на нејзиниот колапс, банката имала  средства во вредност од 209 милијарди долари и 175,4 милијарди долари депозити. Банката Силионока долина е  16-та по големина во САД , со имот од 210 милијарди долари. 

Експертите оваа ситуација ја споредуваат со воведот во големата финансиска криза од 2007 и 2008 година, кога во пресрет на глобалниот финансиски колапс пропаднаа две големи американски банки, Беар Стернс и Вашингтон мјутуал. Овие банки имаа слични големини на капитал како и СВБ. 

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36798/veleshaneczot-martin-talakov-dobi-povik-vo-fudbalskata-reprezentaczija-na-makedonija-do-21-godina/