Фудбалот во Италија веќе некое време е на пауза поради коронавирусот. Претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина, вели дека не сака да ја потпише смртта на Калчото со недоигрување на сезоната, но властите притискаат кон одлука сепак Серија А да биде конечно прекината. Реномираниот “Кориере дело спорт”, открива дека во тој случај нема да има шампион во Италија.
По 26 одиграни кола лидерот Јувентус има само бод помалку од второ пласираниот Лацио, а актуелниот првак порача дека не сака титула освоена на овој начин. Аталанта и Интер ќе се пласираат во лигата на шампионите, а статусот на прволигаши ќе го загубат само два клуба Спал и Бреша. Над нив се Џенова и Лече кои имаат ист број на бодови, а нема да има ниту проширување на лигата, таа ќе остане на 20 клибови.
Италијанските тимови се против оваа одлука, бидејќи ќе се соочат со тотален колапс, ја чекаат одлуката која треба да биде донесена на 8 мај. Премиерот Џузепе Конте најави дека можеби и Италија треба да го следи примерот на Франција и да не дозволи фудбалот да донесе нов ризик за ширење на пандемијата на коронавирусот.