Владата на Србија донесе одлука за тродневна жалост по повод трагедијата која утрово се случи во ОУ „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград.
Осум деца и еден вработен на обезбедувањето ги загубија животите. Наставничка и четири деца се хоспитализирани. Едно дете е во животозагрожувачка состојба и лекарите се борат за живот.
Според истрагата, нападот бил планиран. Ученикот имал со себе и список на деца кои требало да ги ликвидира. Носел и молотови коктели.
Пред присутните најпрвин се обрати министерот Бранко Ружиќ, кој ги покани сите присутни да му оддадат почит на починатиот со едноминутно молчење.
„Никој не може да им ги врати децата на родителите. Трагедија се случи кога седмоодделенецот го постигна овој ѕверски гол. Функционираше безбедносниот прстен, имаше и видео надзор“ – вели Ружиќ.
Можеби ќе ве интересира: