На последната проверка пред Балканското првенство, карате клубот „Гладијатор“ се претстави во одлично светло. На Меѓународниот карате турнир „Солидарност опен 2023“, кој се одржа во Скопје, настапија околу 600 натпреварувачи, Карате клубот „Гладијатор“ го освои првото место како најуспешен клуб.
Содржината продолжува под рекламата
Со златни одличја се закитија, Петреска Вања, Маттео Горгиев, Димовски Борјан, Петрушевски Димитар, Тодоровски Стефан, Неделчева Симона, Димитров Златко, Димовски Антонио, Игевска Паула, Сутинов Тодор, Бацковиќ Лука, Чорески Хасан, Неделчева Михаела и Наковска Ивана.
Содржината продолжува под рекламата
Со сребрени медали се закитија Крајчев Андреј, Ѓурчиновски Иван, Јовановски Никола, додека бронзен медал освои Теова Ивона. Златни медали освоија и Ката Тимот машки 2014-2015 година и Ката Тимот машки 2010-2011 година.
Можеби ќе ве интересира: