Две лица на возраст од 20 до 30 години синоќа биле ранети вчера пред ресторан за брза храна на улицата Максим Горки во Врачар, Белград, пренесуваат српските медиуми.
Содржината продолжува под рекламата
Според Н1, околу 19.40 часот било пукано кон А.П (26), кој се здобил со повреди во натколеницата, а на Новопазарска бил пронајден маж со две прострелни рани во грбот, случајно ранет во престрелката од заталкан куршум. Ова лице, Д.Л. (21) е македонски државјанин, потврди и Министерството за внатрешни работи во земјава. Tој е во Ургентниот центар каде што му се врши хируршки зафат.
Содржината продолжува под рекламата
Три часа по пукањето, според српските медиуми, лицето што пукало, Н.Џ (20), било уапсено и одредено му е задржување во полициска станица до 48 часа.
Можеби ќе ве интересира: