Реклама

Втор круг од претседателските избори во Турција, избирачките места отворени навреме

turcija svadba

Избирачките места низ Турција беа отворени утринава во 8 часот по локално време, со што започна гласањето за вториот круг од претседателските избори во земјата.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Повеќе од 64 милиони граѓани со право на глас избираат во вториот круг меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кандидатот на Народната алијанса и кандидатот на опозициската Национална алијанса, Кемал Киличдароглу, јавува Анадолија.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

За гласачите во Турција беа поставени 191.885 гласачки кутии. Во вториот круг од изборите право на глас имаат дополнителни 47.523 гласачи, кои во меѓувреме наполниле 18 години.

Во првиот круг од изборите одржани на 14 мај, Ердоган освои 49,5 отсто, а лидерот на турската опозиција Кемал Киличдароглу 44,89 отсто од гласовите.

Народната алијанса на Ердоган предводена од владејачката Партија на правдата и развојот освои мнозинство во државниот парламент во првиот круг.

Според соопштението на турската изборна комисија, истиот ден, по затворањето на гласачките места, ќе бидат објавени и првите прелиминарни и неофицијални резултати од вториот круг на претседателските избори.

Можеби ќе ве интересира: