Денес во Ваљево, соседна Србија свечено ќе биде отворен шестиот Ваљевски стрип фестивал. Организатор на истиот е Арт групата АКТ во соработка со Центарот за култура од овој град како и Центарот за уметност на стрипот од Белград.
Содржината продолжува под рекламата
На овој фестивал, меѓу другите содржини ќе се доделат наградите од стрип конкурсот објавен уште есента 2022 г и организира изложба од делата по истиот конкурс. Меѓу другите ,во категорија на најдобри стрип автори до 18 г, првото место го освои Ангела Петрушевска ученичка во ДСУЛУД „Лазар Личеноски “ од Скопје.
Содржината продолжува под рекламата
Веќе традиционално,специјална награда за педагошка работа добива Стрип центар на Македонија со седиште во Велес Треба уште да се истакне дека специјално признание доби и наменскиот проект „ЗА НАШИТЕ СОСЕДИ И ПРИЈАТЕЛИ “(Роми з.а ) имплементиран од Македонскиот стрип центар-Велес и Институт за Истражување и Анализа на Политики – Ромалитико,Скопје.
„Мојата организација уште од своето формирање , мегу другото, отвора врати на мегународна соработка со други земји. Да потсетам дека во склопот на Ваљевскиот стрип фестивал во 2019 г беше отворена и изложба на современи македонски стрип автори а јас бев присутен како специјален гостин на истиот фестивал. Околу фестивалот во Ваљево можам да кажам дека спаѓа во редот на бројни вакви настани во соседна Србија и е од оној тип кој овозможува блиска комуникација помегу присутните учесници. За младата Ангела Петрушевска , на крај,можам само дека со својот ентузијазам и трудољубивост граби со цврсти чекори напред .Таа се повеќе прераснува во вистински амбасадор на македонскиот стрип центар а наскоро тоа ќе го потврди со свое учество на конкретен настан надвор од државата .Но, затоа ,потоа!“, изјави Томе Трајков, програм координатор во Стрип центарот.
Можеби ќе ве интересира: