(ФОТО) Мерко забрани шетање по бикини и гаќички за плажа низ центарот на Струга

Struga zabrana
Struga zabrana

Општина Струга вчера излезе со соопштението во кое се вели дека е воведена забрана за носење бикини и гаќички за плажа по шеталиштето во градот.

Zito akcija 640x289px

„Заради почитување на јавниот ред, особено за време на летната туристичка сезона, низ централното шеталиште (од Чаршискиот мост до Зелениот пазар), се забранува шетање во бикини и гаќички за плажа во текот на целиот ден“, велат од општината предводена од градоначалникот Рамиз Мерко.

Agria

Покрај објавата, прикажани се и со фотографии од центарот на Струга на кои има знаци со знак за забрана на носење на бикини или гаќи за капење.

Општината ги замолува сите гости и туристи кои се разладуваат на езерото или на Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори.

„Вашето однесување е слика за градот, затоа сите заедно треба да се обидеме да ја зачуваме позитивната слика на една туристичка дестинација како што е Струга“, стои во апелот.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: