Се работи за решавање на проблемот во овчеполието со недостигот на вода за наводнување на нивите, порачува првиот човек на министерството за земјоделство по протестот на земјоделците и блокадата на патиштата.
Николовски тврди дека дека земјоделците мора да плаќаат за користење на водата, и да не ја крадат.
Тридневниот протест на земјоделците со блокирање на патот во правец Свети Николе Велес со земјоделска механизација се става привремено во мирување. Нивното незадоволтво е поради како што велат недостиг на доволни количини на вода потребни за наводнување на нивите. Количината на вода системот за наводнување што ја бараат земјоделците за спас на насадите е од 4 до 5 бари притисок во каналската мрежа.
Покрај недостигот на вода земјоделците плаќаат повисока цена и до 70 отсто за разлика од лани покрај тоа тие се револтирании што треба да плаќаат и таканаречен сув данок изгласан од власта што изнесува 60 евра за хектар.
Можеби ќе ве интересира: