Вечерва по полноќ ќе има мало поевтинување на бензините и покачување на цената на дизел горивото, на нафтата за домаќинствата, како и на мазутот.
Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на дизелот ќе биде 81,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 81 денар за литар.
Евросупер БС-95 од полноќ ќе се продава по цена од 87 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 89 денари за литар.
Нова зголемена цена ќе има и мазутот кој сега ќе се продава по цена од 46,064 ден/кг.
Можеби ќе ве интересира: