Екипата на Бисинов Фруитлед пред својата публика ја имаше првата победа во прволигашката конкуренција откако убедливо славеше над екипата на Кичево со 42-19.
Ивица Илиев беше најдобриот на теренот кој го предводеше тимот на Бисинов Фрутленд со 11 постигнати гола, а кај гостите од Кичево 9 гола постигна Стефановски. г
Гостите допатуваа само со десет ракометари на овој натпревар, но и покрај тоа одржуваа рамнотежа во првите десетина минути кога беше 5-5.
Во вториот дел од натпреварот велешани го диктираа темпото, а тренерот Бисинов им даде шанса на сите играчи.
Можеби ќе ве интересира: