Реклама

Поевтинува мазутот, цените на бензините и дизелот остануваат непроменети

Guzvi pred benzizski

Од вечерва по полноќ нема да се менуваат цените на бензинот, на дизел горивото и на нафтата за домаќинствата. Како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика, ќе се намали цената на  мазутот.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, мазутот ќе се продава по цена од 44,996 ден/кг. Малопродажните цени на Еуросупер БС-95, на Еуросупер БС-98, на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Еуросупер БС – 95 ќе се продава по цена од 81 денари за литар, Еуросупер БС-98 по цена од 83 денари за литар, дизелот по цена од 80,5 денари за литар, а нафтата за домаќинствата  по цена од 80 денари за литар. 

Можеби ќе ве интересира: