Реклама

Народната банка за извештајот на ЕК: Монетарната политика е соодветна и во согласност со економските фундаменти

nbrm NARODNA BANKA

Во најновиот Извештај за напредокот на земјата, Европската комисија повторно истакна дека усогласеноста во делот на монетарната политика со европската регулатива, стандарди и практики и натаму е на напредно ниво.

Zito akcija 640x289px

Притоа, се нагласува дека поставеноста на монетарната политика во изминатиот период е соодветна, односно дека таа е целосно во согласност со економските фундаменти и соодветно е затегната како одговор на зголемената инфлација, објави Народната банка.

Agria

Во Извештајот се укажува на тоа дека високата инфлација се должи на глобалниот шок кај цените на храната и енергијата, што, пак, се пренесе и на другите цени. Се посочува дека централната банка одговори соодветно со затегнување на монетарната политика преку зголемување на основната каматна стапка, но и преку промени во задолжителната резерва, што придонесе за постепено намалување на инфлацијата. Се посочува и на ефективноста на мерките на Народната банка за поттикнување на штедењето во домашна валута (денаризација), што придонесе кон одржување на стабилноста на девизниот курс.

Во однос на банкарскиот систем, во Извештајот се заклучува дека тој е отпорен, стабилен и сигурен и во текот на последните кризи. Се бележи дека капитализацијата на банките е подобрена, во споредба со периодот на пандемијата на ковид-19. Притоа, адекватноста на капиталот на банките е на највисоко ниво во последните пет години, додека нефункционалните кредити на крајот на 2022 година се на ниско ниво од 2,8%.

Зајакнувањето на правната и институционалната рамка за обезбедување финансиска стабилност исто така е истакнато во рамките на Извештајот, со посебен акцент на новиот Закон за финансиска стабилност, со кој на регулаторите во финансискиот сектор им се дава законски мандат за спроведување макропрудентни мерки за одржување на финансиската стабилност.

Можеби ќе ве интересира: