102 години од раѓањето на Блаже Конески

Blaze Koneski

На денешен ден, во прилепското село Небрегово, е роден Блаже Конески, истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, филолог, јазичар, преведувач и професот на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Учествувал во составувањето на правописот на македонскиот литературен јазик. Втемелувач на македонистиката на Скопскиот универзитет. Редактор на Речникот на македонски јазик. Прв претседател на Македонската акадамија на науките и уметностите (МАНУ).

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во наследство ни остави богато творештво од областа на јазикот и литературата. Автор е на повеќе значајни трудови, меѓу кои и на „Граматика на македонскиот јазик“, „Историја на македонскиот јазик“, „Македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици и јазикот на македонската поезија“.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: