Во 13 часот светската страница за следење на квалитетот на воздухот, waqi.info измери лош и опасен воздух за дишење „богат“ со ПМ 10 и ПМ 2,5 честички во Велес и во Скопје, кои се на врвот на листата и значително ја надминаа Струмица која изминативе денови имаше екстремно загаден воздух.
Содржината продолжува под рекламата
Со индекс на загадување 162, Велес денес за речиси 13,6 пати ја надмина горната граница која како препорака ја постави Светската здравствена организација.
Содржината продолжува под рекламата
Како главен загадувач во нашиот град наведени се ПМ2.5 честички со густина од 68,1 микрограми на кубен метар, а потоа следат ПМ10 честичките со 99,5 микрограми на кубен метар.
Можеби ќе ве интересира: