Реклама

Одбрана бара Александар Ѓорчевски да оди во куќен притвор

Осомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и воедно нејзин татко Александар Ѓорчевски да оди во куќен притвор, наместо да биде во затворски притвор, ова го бара неговиот бранител, адвокатот Владимир Туфегџиќ.

Zito akcija 640x289px

Туфегџиќ за „Скопје1“ посочува дека ниту една мерка не е оправдана, но замената на ефективниот притвор ќе му помогне на семејството кое е погодено од трагедијата.

Agria

Иако истакнавме посебен предлог за замена на мерката притвор во мерка куќен притвор, свесен сум дека постапката околу укинувањето на притворот ќе трае. Иако спрема осомничениот не е оправдана ниту една мерка, сепак со мерката ќуќен притвор ќе се задржи кохезијата на семејството кое е длабоко погодено со оваа трагедија“, смета Туфегџиќ.

Бранителот Туфегџиќ побарал од обвинителот да го викне на распит Ѓорчевски, кој додека трае истрагата, нема дадено свој исказ и на распитот таткото на Вања да одговори како ги прибавил и кому ги дал снимките од надзорните камери низ центарот низ Скопје, што протекоа во јавноста, преку видеа на контроверзниот српски политичар Срѓан Ного.

Вања беше грабната до влезот на нејзината зграда на 27 ноември. Истиот ден, според исказите на осомничените е убиена. Два и пол часа по нејзиното грабнување, односно околу десет часот е застрелана. Нејзиното тело беше пронајдено на 3 декември во атарот на селото Бразда и Горно Оризари.

Можеби ќе ве интересира: