Панче Тошковски е предлог на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи, а Ѓоко Велковски за министер за труд и социјална политика, кажа лидерот на партијата Христијан Мицкоски, во интервју во „Топ Тема“ на ТВ Телма.
Предлог на ВМРО-ДПМНЕ за дополнителен заменик-министер за финансии во техничката Влада е Елена Петрова, Стефан Андоновски за информатичко општество и Цветан Трипуновски за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Мицкоски рече дека Тошковски е адвокат по професија, а во ВМРО-ДПМНЕ ја води партиската комисија за правни работи.
Велковски во моментот е раководител на Секторот за поддршка на градоначалникот на Oпштина Гази Баба и советник во Советот на Чаир.
Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој е мандатар на техничката влада, ќе поднесат оставки утре, со што почнуваат и крајните рокови за составување на техничката влада, која се избира сто дена пред парламентарните избори на 8 мај.
Потоа, на 26 јануари на седница на Собранието ќе бидат констатирани оставките на премиерот и собранискиот спикер и на истата седница треба да се избере нов претседател на Собранието, за што кандидат е Јован Митревски, координаторот на пратеничката група на СДСМ. Истиот ден, претседателот
Стево Пендаровски треба да му го довери мандатот за премиер на техничката влада на Џафери.
На 27 јануари, Џафери до Собранието треба да достави програма и состав на Владата.
На 28 јануари ќе биде закажана седницата за избор на техничката влада, а потоа и втора седница за избор на дополнителните заменици министри, како и за верификација на мандат на пратеник, кој ќе го земе местото на Џафери.
Можеби ќе ве интересира: