Младите стрипаџии и даваат шанса на инклузијата!

Strip inkluzija

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на Грантот “All we are
saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“ од вториот повик отворен повик за предлози за
Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“
на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Целта на проектот е да се зајакне капацитетот на младите луѓе без разлика на етничките
разлики да користат стрипови како соодветна културна алатка за промовирање на меѓуетнички
дијалог, граѓански вредности и борба против дискриминацијата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Томе Трајков-координатор на проектот ги наведе следните активности како дел од проектот: Ќе биде објавен јавен повик за ученици – стрип таленти коишто треба да изготват стрипови на тема а) прикажување на пријателства што ги надминуваат културните и националните граници, нагласувајќи како заедничките вредности можат да ги премостат разликите, како и на тема б) фантастични или научно-фантастични светови каде што се спојуваат ликовите од различно културно потекло, формирајќи сојузи и пријателства кои ги надминуваат измислените културни поделби. Овој повик е веќе испратен до сите училишта во државата и трае до 30 март 2024 година.

Потоа ќе биде организирана четиридневна едукативна стрип-работилница со избрани 12 млади таленти од различни етнички и географски средини кои заедно со програмскиот координатор и едукаторот треба да ги доработат и усовршат своите стрипови.

Публикување на соодветен каталог каде ќе бидат објавени стриповите, а ќе бидат претставени и младите автори. На крај , ќе биде направена и тематска ФБ група, а ќе се организираат и пет изложби во различни етнички и географски средини од државата.

Планирано е проектот да заврши во месец јуни 2024 година.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: