Две лица се повредени откако мопед „кимко“ се забил во паркирано возило на регионалниот пат Велес – Градско.
„На 19.03.2024 во 16.25 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес
– Градско, мопед „кимко“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.С.(30) од Велес,
удрил во паркирано патничко возило „бмв“, паркирано од Д.Т.(32) од Велес. Во несреќата со
тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Т.С., а со телесни повреди се здобила
сопатничката на мопедот Е.С.(24) од Велес, констатирани во болницата во Велес“, соопштија од велешката полиција.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.