Футсал играчите на Кеги Моби беа изненадени од „фенерџијата“ на табелата, екипата на Овче Поле со резултат 3:6, во натпревар од 15 коло на Првата футсал лига на Македонија.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварот добро започна за велешани. Резултатот го отвори Блажевски во 6 минута, но водството го поништи гостинскиот играч Стојковиќ во 10 минута. До 16 минута домашните имаа предност од 3:1, со вториот гол на Блажевски и Левков, и велешани тука застанаа. На истекот на првиот дел гостите од Свети Николе преку Јованов и Анѓеловиќ донесоа реми на полувреме.
Содржината продолжува под рекламата
Кеги Моби притискаше за водство цело второ полувреме, но патот до мрежата на гостите не го пронајдоа. Гостите пак се определија својата шанса да ја чекаат со контранапади.
Кога сите присутни во салата очекуваа водство на Кеги Моби, гостинскиот состав го искористи падот на концентрацијата кај домашните и со три погодоци ги освоија сите три бода.
Можеби ќе ве интересира: