СВР Велес информира дека 48-годишен од Велес од страна на полициски службеници бил лишен од слобода кој бил баран од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, поради бегство од установата.
„На 03.04.2024 во 21.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Х.Б.(48) од Велес, кој бил баран од Казнено – поправната установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес поради бегство од установата. Имено, околу 19.30 часот од установата било пријавено дека Х.Б. не се вратил во установата и по преземени мерки, после два часа, тој бил пронајден и лишен од слобода. При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари во различни валути и апоени. Исто така, неговата 43 – годишна сопруга пријавила дека околу 20.00 часот, додека бил во домот, физички ја нападнал“, велат од СВР Велес.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: