Реклама

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години поразена од Хрватска

Младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години синоќа го одигра вториот натпревар на меѓународен турнир „Истра Куп 2024″, и беше високо поразена од домаќинот, селекцијата на Хрватска со резултат 7:0.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Хрен постигна два погодока, а по еден погодок постигнаа Посавец, Пачко, Шарчевиќ, Матиќ и Речиќ. Во групата Б, во досегашниот тек од турнирот, Хрватска е лидер на табелата со шест освоени бода колку што има и репрезентацијата на Словенија. Македонија и селекцијата на САД се сеуште без бодови.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

За младата футсал репрезентација на Македонија настапуваат и велешаните Марко Јанушев и Петар Каров, членови на КМФ Кеги Моби. За нив останува уште натпреварот против селекцијата на САД која ќе се одигра утре 5 април со почеток од 13 часот.

Можеби ќе ве интересира: