Реклама

Данка е убиена, уапсени се двајца осомничени, изјави Вучиќ

ISCEZNATO DEVOJCE DANKA

Двајца работници во српски „Водовод“, го фрлиле телото на исчезнатата Данка Илиќ (2) на дива депонија на Старобањска, откако го удриле девојчето со возило. Веста ја потврди и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Имам лоши вести за ова дете, за нашата Данка од Бор. Полицијата уапси две лица кои го извршиле убиството на Данка и колку што сфатив, тие го признале злосторството. Тие ја водат полицијата до местото каде што го фрлиле телото“, изјави Вучиќ на посебна седница на владата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Според српските медиумите, траги од крв биле откриени во службеното возило на „Водовод“ со кое се покажа дека е убиено девојчето.

Данка Илиќ исчезна на 26 март во населбата Бањско Поле кај Бор, по што уследи масовна потрага која донесе малку резултати. Потрагата се протегна сѐ до Виена, откако се појавија информации дека таа била видена таму, што потоа беше демантирано од австриската полиција.

Можеби ќе ве интересира: