Вечерва нов спектакл: Манчестер Сити и Реал Мадрид во битка за полуфинале

Манчестер сити и Реал Мадрид, двe од трите најскапи светски екипи, со најистакнатите тренери на денешницата, Пеп Гвардиола и Карло Анчелот, и со добар дел од најдобрите фудбалери на планетата, вечерва ќе го играат „второто полувреме“ од четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Zito akcija 640x289px

Минатонеделниот спектакл во Мадрид (3:3) во сите сегменти го оправда статусот „финале пред финале“ и не’ доведе до тоа да очекуваме следните 90 или 120 минути да бидат најдоброто што може да го понуди актуелниот фудбал!

Agria

Манчестер сити сака да ја одбрани титулата во ЛШ и за да го стори тоа, треба да го победи Реал Мадрид, еден од најдобрите тимови во светот.

„Дали сум нервозен? Овој прес ме прави понервозен од натпреварот против Сити. Победата е приоритет, се’ друго е споредно. Не мислам на индивидуалните перформанси, туку на влијанието врз тимот. Ќе биде многу тешко, но знам дека сме подготвени и ќе го покажеме тоа. Кој е фаворит? Не знам, не одам во обложувачница“, изјави Џуд Белингем, еден од клучните играчи во средниот ред на Реал.

„Кралевите“ не го паметат „Етихад“ по добро бидејќи никогаш не славеле таму.Треба да се истакне и дека англискиот клуб не знае за европски пораз на својот стадион од 2018 година и средбата со Лион!

Во другото вечерашно четвртфинале на арената „Алијанц“ во Минхен, Баерн го пречекува Арсенал (во првиот меч беше 2:2).

Капитенот на Англија и поранешен напаѓач на Тотенхем, Хари Кејн, кој сезонава постигна 39 гола во сите натпреварувања, има богато искуство играјќи против Арсенал, во дербито во северен Лондон.

„Сè уште имаме можност сезонава да ја претвориме во одлична доколку ја освоиме Лигата на шампиони. Од гледна точка на клубот, ова ќе биде неуспешна сезона ако не освоиме ништо“, изјави Кејн.

Баерн Минхен има одличен скор против Арсенал во ЛШ. На 13 натпревари седум пати победил, наспроти трите победи на Арсенал, кој беше поразен на последните три натпревари на гости против германски противници во ЛШ.

Арсенал ќе се обиде да се квалификува во полуфиналето на ЛШ по трет пат во клупската историја, прв пат по сезоната 2008/09.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: