Стартуваше кампањата за 11-тите парламентарните избори. Станува збор за редовни парламентарни избори на кои се пријавени вкупно 17 политички партии и коалиции.
Очекувано, главната битка ќе ја водат коалициите кои ги предводат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ додека интересна битка се очекува и во албанскиот блок каде силите ќе ги одмерат претставниците на опозицскиот блок собрани во коалицијата Вреди кои ќе му се спротивстават на ДУИ, кои пак прв пат во историјата на избори настапуваат во предизборна коалиција.
Шанса за пратенички места во Собранието имаат и Левица и партијата на Максим Димитриевски, додека останатите политички партии и листи во изборниот процес влегуваат со прилично ниски изгледи дека ќе обезбедат место во Собранието.
За прв пат во овој изборен процес, кампањата за парламентарните избори ќе трае во текот на молкот за Претседателските избори. Владата вчера донесе одлука со која и 24 април и 8 мај ги прогласи за неработни денови за сите граѓани дополнувајќи дека истите нема дополнително да бидат одработувани.
Moжеби ќе ве интересира: