Реклама

МЗШВ: Исплатени 100 милиони денари кон изгледувачите на говеда дополнителни субвенции за обележани грла говеда

ljupco Nikolovski so Zoran Arsovski

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска од велешко Иванковци ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.

Од МЗШВ велат дека се исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од  100 милиони денари.

Zito akcija 640x289px
Agria

Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.

Moжеби ќе ве интересира: