Реклама

Илиев и Кочаров го водеа Бисинов Фруитленд до нова победа против Радовиш

Bisinov Multiesens

Ракометарите на Бисинов Фруитленд годобија дербито на ракометната Прва лига против радовиш со резултат 26:25, и останаа единствен тим со максимален број на победи во првенството. Ова беше четврти дуел против Радовиш и велешани ги добија сите четири.

Zito akcija 640x289px

Велешани добро го започнаа натпреварот и имаа водство од плус четири 10:6, но до крајот на  првиот дел, гостите најпрво дојдоа до изедначување на резултатот, 13:13, за на полувреме се замине се еден гол предност за Радовиш 14:15.

Agria

И второто полувреме заопчна во знакот на гостите од Радовиш кои го диктираа резултатот, се до 52 минута кога Бисинов Фруитленд до изедначување, 22:22, а во 55 минута ја врати предноста, поведе со 24:23. До крајот на натпреварот само умешно ја задржа предноста за девета победа во плеј офот за влез во Супер лигата.

Најефикасникај велешани беа Ивица Илиев со осум и Стефан Кочаров со шест погодоци. Кај гостите Иван Митревски и Зоран Стојановски постигнаа по седум погодоци. Следното коло Бисинов Фруитленд гостува во скопската населба Ѓорче Петров кај екипата на Македонија, која е сема на табелата со шест освоени бода.

Можеби ќе ве интересира: