Реклама

Први мај: Меѓународен Ден на Трудот – борба за правата на работниците

Денес во светот се одбележува Први мај, Меѓународниот ден на трудот, празник што насекаде во светот е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.

Zito akcija 640x289px

И овој Меѓународен ден на трудот, Први мај, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави масовен протест поради тоа што, како што велат, денес работниците во Македонија се соочуваат со сѐ поголем притисок за својата егзистенција поради високите трошоци за живот и ниските плати.

Agria

И додека синдикалистите ќе протестираат, голем дел од граѓаните првомајскиот празник традиционално ќе го прослават во природа и на излетнички места.

Меѓународниот празник на трудот се одбележува во знак на сеќавање на 1 мај 1886 година, кога во Чикаго, САД, повеќе десетици илјади работници излегле на улиците, барајќи подобри услови за работа и доследна примена на осумчасовното работно време.

Можеби ќе ве интересира: