Реклама

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

izbori glasanje

На еден ден пред гласачкиот ден за двојните избори, своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во државата.

Zito akcija 640x289px

Од Државната изборна комисија информираа дека за претседателските избори ќе гласаат 11.123 болни и немоќни лица, а за парламентарните избори бројката е поголема за 102 избирачи или ќе гласаат 11.225 болни и немоќни лица.

Agria

На овие парламентарни избори поднесени се 17 кандидатски листи, за парламентарните избори од кои 16 на политички партии и коалиции и една од група избирачи. Севкупно, на изборите учествува 61 партија. Од нив, 11 самостојно, а 50 во пет коалиции. Македонските гласачи го бираат и претседателот на државата меѓу двајцата кои влегоа во втор круг, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска – Давкова.

Во вториот круг од претседателските избори, исто како и во првиот изборен круг, право на глас имаат 1 814 317 избирачи. На парламентарните избори, пак, кои ќе се одржат заедно со вториот круг од претседателските, своето право на глас ќе може да го остварат 1 033 избирачи повеќе, односно 1 815 350 избирачи.

Можеби ќе ве интересира: